• понеделник, 17 март 2025

Трамп го назначи специјалниот советник Кит Келог за специјален пратеник за Украина

Трамп го назначи специјалниот советник Кит Келог за специјален пратеник за Украина

Вашингтон, 16 март 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека го назначил својот специјален советник за Украина и Русија, Кит Келог, за специјален пратеник за Украина, задолжен да работи директно со претседателот Володимир Зеленски и украинското раководство.

„Задоволство ми е да ве информирам дека генералот Кит Келог е назначен за специјален пратеник за Украина. Генералот Келог, високо почитуван воен експерт, директно ќе се занимава со претседателот Зеленски и украинското раководство. Тој добро ги познава и тие имаат многу добри работни односи“, рече Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

 Од ноември 2024 година, Келог ја извршуваше функцијата специјален советник за Украина и Русија.сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан