• вторник, 26 ноември 2024

Трамп бара пребројување на гласовите во Висконсин

Трамп бара пребројување на гласовите во Висконсин
Вашингтон, 18 ноември 2020 (МИА) - Изборниот штаб на актуелниот претседател Доналд Трамп бара пребројување на гласачките ливчиња во окрузите Дејн и Милвоки во државата Висконсин. Претседателскиот кандидат Џо Бајден, објавен за новоизбран претседател, таму победи со голема разлика. Според изборната комисија на државата Висконсин, штабот на Трамп платил три милиони долари за да се започне делумно пребројување, јави денеска Милвоки џурнал сентинел. Поранешниот судија во округот Дејн, Џим Трупис, ги брани интересите на актуелниот претседател. - Нема да престанеме да се бориме за транспарентен и чесен изборен процес, за да се гарантира на сите Американци дека можат да имаат доверба во слободни и чесни избори во Висконсин, и низ целата земја, се вели во изјавата на Трупис. За целосно пребројување во оваа држава Трамп треба да плати осум милиони долари, дознава весникот. Бајден во Милвоки победи со 317.270 гласови наспроти Трамп кој доби 134.357. Во округот Дејн разликата за Бајден е 260.185 наспроти 78.800. Американските медиуми за победник на изборите во САД го прогласија демократот Џо Бајден. Штабот на Трамп ги оспорува резултатите на суд. кб/гт/

Остани поврзан