• петок, 06 март 2026

Традиција која опстојува со векови: Во Хонг Конг можете да проколнете, удирате и да го запалите својот непријател

Традиција која опстојува со векови: Во Хонг Конг можете да проколнете, удирате и да го запалите својот непријател

Пекинг, 5 март 2026 (МИА) - Во срцето на Хонг Конг во провинцијата Гуангдонг, постои длабоко вкоренета традиција наречена „злобно удирање“. Овој ритуал претставува фасцинантна комбинација на симболика, обред и емоционално ослободување, кој илјадници години се практикува заедно со верувањата на тамошното население. Според извештајот на Дејли мејл, овој древен обред на проколнување непријател е начин на кој луѓето физички и духовно се ослободуваат од негативната енергија. Исто така, служи како средство за соочување со лични непријатели, фрустрации или незавршени врски.

Ритуалот започнува со избирање на „жртвата“. Тоа може да биде поранешен партнер, здодевен колега или несакана личност од блиска околина. Иако целта е симболична, значењето и емоционалната тежина се големи. На прво место се појавува хартиена кукла која треба да ја претставува конкретната личност. Некои „совршени“ личности посветуваат часови на обликување на лицето и облеката на куклата, убедени дека што е повеќе слична на вистинската личност, толку ритуалот е поефикасен. Таа потоа се поставува на главна позиција, подготвена за обредот.

Следниот чекор во ритуалот е удирањето на создадената играчка. Традиционално се користи чевел, како симболично оружје кое го понижува и ја намалува моќта на непријателот. Додека ударите одекнуваат, извршувачот на чинот изговара древни песни и проклетства со негативната енергија и зли духови кои би можеле да го нарушат мирот на „жртвата“. Со секое стегање на тупаницата, со секој удар со чевелот, ја полни куклата со енергијата што обредарот сака да ја пренасочи и трансформира.

Кулминација на ритуалот е запалувањето на хартиената кукла. Таа внимателно се подига и става во пламен. Пламенот, според верувањето, симболизира трансформација. Сите фрустрации, навреди и непријателства согоруваат и се претвораат во чад што исчезнува во универзумот. За многумина, гледањето на пламенот кој „ги голта“ проблемите, создава чувство на емоционално ослободување и ослободување од товарот што зборовите често не можат да го пренесат.

Обредот може да има и потемни, поинтензивни форми. Некои ја мачкаат кулата со свинска маст, верувајќи дека тоа ќе му ја затвори устата на „злобникот“, метафорички спречувајќи го да го критикува или да шири лоша енергија. Овој додаток ја засилува контролата и моќта над негативните влијанија, правејќи го ритуалот помоќен. За посматрачот, сето ова можеби изгледа драматично или дури застрашувачки. Сепак, за оние кои веруваат во неговата моќ, тоа е длабоко личен чин на ослободување - рамнотежа помеѓу традицијата, духовноста и емоционалниот процес. мв/сд/

Фото: Пиксабеј

 

 

Остани поврзан