• сабота, 21 декември 2024

Традиционална манифестација „Средба на првиот со најдобрите“

Традиционална манифестација „Средба на првиот со најдобрите“
Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) - Традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ ќе се одржи вечерва, во 19:30 часот, на Школка во Градскиот парк. На манифестацијата, градоначалникот Петре Шилегов, на 34 матуранти првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта ќе има врачи специјални признанија и парични награди. Традиционалната манифестација е под покровителство на градоначалникот Петре Шилегов и во организација на Дирекцијата за култура и уметност, а е поддржана од Делегацијата на Европската унија во нашата земја. Преку неа секоја година се афирмира училишниот успех на првенците на генерацијата во средните училишта. На средбата со најдобрите матуранти ќе присуствува и амбасадорот на делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир. свс/сп/

Остани поврзан