• понеделник, 23 декември 2024

Традиционална крводарителска акција на припадниците на САЕ „Тигар“ во чест на Денот на единицата

Традиционална крводарителска акција на припадниците на САЕ „Тигар“ во чест на Денот на единицата

Скопје, 11 март 2024 (МИА) - Традиционална крводарителска акција на припадниците на специјалната антитерористичка единица „Тигар“ денеска се одвива во касарната „Илинден“, а по повод 13 март - Денот на единицата.

Во акцијата, организирана во соработка со Црвениот крст и со Институтот за трансфузиона медицина, се очекува да бидат дарувани повеќе од 50 крвни единици.

- Припадниците на единицата „Тигар“ и денеска на дело ја покажаа својата хуманост и  солидарност со само неколку минути од нивното скапоцено време, колку што се потребни да донираат крв даваат дополнителен придонес во спасувањето животи. Имено, ова е само една од неколкуте крводарителски акции, како индивидуален одраз на хуманоста  што припадниците на САЕ „Тигар“ ги реализираат според годишниот план за крводарителство на МВР, информираат од МВР.

Од полицијата истакнуваат дека, особено радува фактот што меѓу крводарителите се зголемува бројот на нови полициски службеници кои даруваат дел од себе за да спасат други животи. ир/са

 

Фото: МВР

Остани поврзан