• вторник, 31 декември 2024

Тошковски: Се спроведува акцијата поврзана со криумчарење на луксузни возила

Тошковски: Се спроведува акцијата поврзана со криумчарење на луксузни возила

Скопје, 29 декември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска потврди дека се спроведува акција насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба.

-Акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба, за што утрово се вршеа претреси на повеќе локации. Продолжуваме со борба против сите облици на криминал, затоа што македонските граѓани заслужуваат да живеат во стабилна и безбедна држава, потенцира Тошковски.

Министерот, како што соопшти МВР, изутринава ги посетил полициските службеници во Единицата за внатрешни работи во Ѓорче Петров, каде облиску се запознал со текот на акцијата што денеска се спроведува од страна на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција.

Претходно денеска од Обвиниетелство информираа дека под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.

Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбедил наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови.

Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски државјанин.

-Претресите се спроведуваат од припадници на МВР, а за натамошниот тек на постапката и за конкретните дејствија за кои постојат сомненија дека ги сторило секое од инволвираните лица, Обвинителството ќе информира по нивното завршување, наведуваат оттаму. ац/

 

Остани поврзан