• среда, 27 ноември 2024

Тошковски од Струмица: Законот мора еднакво да важи за сите и никој не смее незаконски да влијае на гласачите

Тошковски од Струмица: Законот мора еднакво да важи за сите и никој не смее незаконски да влијае на гласачите

Струмица, 30 април 2024 (МИА) - Би сакал да апелирам до сите граѓани на Општина Струмица, како и до сите граѓани во Македонија, дека Законот мора еднакво да важи за сите и никој не смее притоа да злоупотребува било каква позиција во рамки на институционалните позиции коишто ги има за на било каков начин да влијае на било кој гласач незаконски со уцени, присилби, закани и било кои други незаконски дејствија, за да ја насочи волјата на гласачите кон едни или кон други, изјави денеска во Струмица техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Додаде дека станува збор за казниви дејства според Кривичниот закон за кои се предвидени ригорозни законски казни.

-Нека не се секираат граѓаните. МВР и полицијата, како и полициските службенци ги имаат потребните капацитети за да одговорат соодветно на сите оние незаконитости, кои евентуално би се случиле во наредниот период, исто како што одговорија соодветно на сите незаконитости кошто се случија и во првиот круг од претседателските избори, рече Тошковски.

Тој изјавата ја даде во Турското маало во Струмица, каде, како што рече, ќе разговара со жителите од овој дел на градот.

Информираше дека денеска тој бил во работна посета на ОВР Радовиш, Одделението во Дојран и канцеларијата во Богданци.

Според техничкиот министер, полициските службеници насекаде се соочуваат со проблеми како во делот на технички ресурси од аспект на возила и други технички средства, така и во делот на човечки ресурси. Особено слабо ниво на човечки ресурси било во рамки на Полициското одделение во Дорјан, каде моментално имало седум полициски службеници кои постапуваат на територија на Општина Дојран и според техничкиот министер треба да се зголемат човечките капацитети за МВР да има соодветна функционалност. рт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан