• сабота, 23 ноември 2024

Тошковски и Мисајловски на терен: Ситуацијата со пожарот во Неготино засега под контрола

Тошковски и Мисајловски на терен: Ситуацијата со пожарот во Неготино засега под контрола

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Министрите за внатрешни работи и за одбрана, Панче Тошковски и Владо Мисајловски, заедно со директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов извршија теренска посета на неготинскиот регион зафатен со пожари, информираат попладнево од владината прес-служба.

- На терен со заеднички сили на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, ЦУК, со поддршка на локалните самоуправи, во тек е акција за справување со пожарите. Вклучени се и хеликоптерите за гасење на пожарите. Ситуацијата засега е под контрола и акцијата за гасење на пожарите е во тек, пишува во соопштението.

Владата донесе одлуката за кризна состојба поради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија.

Се испраќа за апел за внимателно однесување во потенцијалните жаришта поради енормно високите температури. бд/нд/

Фото: Влада

Остани поврзан