• понеделник, 23 декември 2024

Тошковски: Дисциплинска постапка за помошник министер во МВР поради пропусти во нарачките на обрасци за лични документи

Тошковски: Дисциплинска постапка за помошник министер во МВР поради пропусти во нарачките на обрасци за лични документи

Скопје, 1 април 2024 (МИА) – Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски отпочна дисиплинска постапка за еден помошник министер во МВР, поради пропусти во нарачките на обрасци и динамиката на испорака на личните документи. 

Како што изјави министерот, иако внатрешната контрола при МВР утврдила дека двајца помошници потфрлиле во менаџирањето со личните документи уште од 2019 година, за едниот веќе е истечен рокот да се поднесе дисциплинска. 

- Овие пропусти се точно утврдени дека се сторени од страна на двајца помошници министри во МВР, со тоа што во рамки на извештајот е предложено да се отпочне и е отпочната дисциплинска постапка спрема еден помошник министер за пропустите сторени во рамки на неговото работење, изјави Тошковски, пренесува Сител телевизија.

Тошковски не ги обелодени имињата, но соопшти дека извештаите на внатрешната контрола ги поднел и до Обвинителството. 

Од Обвинителството соопштиле дека извештајот е примен во ОЈО Скопје и е приклучен кон предметот по кој веќе постапува ова обвинителство во врска со издавањето на личните документи. ар/aa/
Фото: МИА

Остани поврзан