• вторник, 24 декември 2024

Тоти ќе размисли за враќање во Рома по промената на сопственоста

Тоти ќе размисли за враќање во Рома по промената на сопственоста
Рим, 10 март 2020 (МИА) - Поранешниот капитен на Рома, Франческо Тоти, одговори на прашањето дали е подготвен да заземе едно од работните места во клубот, откако бизнисменот Дан Фридкин го купи клубот од Џејмс Палота. Претходно беше објавено дека заврши трансакцијата за продажба на „римската волчица“. - Ако ме повикаат, јас ќе одговорам. Ќе ја разгледам можноста. Ниогаш не вели никогаш, изјави Тоти за италијанските медиуми. Четириесет и тригодишниот Тоти, откако ја заврши кариерата, беше директор на Рома од 2017 до 2019 година. Тој подоцна го напушти клубот поради конфликт со менаџментот. зс/

Остани поврзан