Тотенхем се приклучи во трката за Родриго
- Премиерлигашот Тотенхем се приклучи во трката за фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго, објави шпанскиот весник „АС“.
Мадрид, 23 јули 2025 (МИА) – Премиерлигашот Тотенхем се приклучи во трката за фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго, објави шпанскиот весник „АС“.
Порано беше објавено дека Ливерпул, Арсенал, Челзи и Баерн се заинтересирани за 24-годишниот Бразилец.
Мадридскиот клуб сака да добие најмалку 100 милиони евра за својот играч.
Во сезоната 2024/25, Родриго одигра 54 натпревари на сите турнири, постигна 14 гола и имаше 11 асистенции. зс/
Фото: ЕПА