• вторник, 24 декември 2024

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо
Скопје, 15 февруари 2021 (МИА) - Чоколадната торта никого не остава рамнодушен... Посебно ако е здрава и направена од вистинско чоколадо, без глутен, без шеќер, без јајца и без печење. Со едноставни зафати, ова „Чоколадно срце“ се подготвува со три вида чоколадо. Подготовка за првиот слој: - 150 грама бадеми, - 50 гр. исушен кокос во трошки, - 3 лажици јаворов сируп (или течен засладувач - Ваш избор). Тоа се сечка и потоа цврсто се притиснува на дното на калапот. За кремот од какао, поребни се: - 200 милилитри вода, - 300 гр. индиски ореви (претходно натопени 30 минути), - 100 мл. јаворов сируп, - 60 гр. стопен путер со какао, - малку хималајска сол, - малку ванила во прав (не е задолжително), - малку кардамон во прав (не е задолжително). Сè тоа се става во блендер, сè додека не се добие еднолична крема. Потоа одделете 300 гр. од смесата и оставете ги настрана. Потоа, додадете 20 гр. какао во прав и 2 лажици јаворов сируп на преостанатиот крем во блендерот и изблендирајте. Наизменично додавајте три лажици од белиот издвоен и црн крем - со повеќе какао - за да добиете црно-бело шаренило, сè додека не ја потрошите целата крем-смеса. Замрзнете ја смесата на еден час. На крајот е глазурата од чоколадо: - 50 гр кокосово масло, стопено, - 2 лажици јаворов сируп, - 2 лажици вода, - 15 гр какао во прав. Тоа се мати во сад и се прелива на тортата. Вратете ја тортата во замрзнувач на најмалку три часа или - преку ноќта пред да ја послужите. Таа треба да се стврдне доволно, за да може да се сече. Послужете ја со џем од малина или цреша. си/

Остани поврзан