• сабота, 23 ноември 2024

Топката од полуфиналето на СП 1986 меѓу Аргентина и Англија продадена на аукција за два милиони фунти

Топката од полуфиналето на СП 1986 меѓу Аргентина и Англија продадена на аукција за два милиони фунти

Лондон, 16 ноември 2022 (МИА) - Топката со која Диего Марадона ги постигна веројатно двата најпознати голови во фудбалската историја во полуфиналето меѓу Аргентина и Англија на Светското првенство 1986 во Мексико е продадена денеска на аукција во Лондон за два милиони фунти.

Аргентина, која подоцна стана и светски првак, ја совлада Англија со 2-1, а Марадона првиот гол го постигна со рака, додека вториот кога од средина на теренот во слалом нанижа петмина противнички играчи, заобиколувајќи го притоа и голманот Питер Шилтон, пред да ја смести топката во празниот гол.

Првиот гол новинарите го нарекоа „Божја рака“, алудирајќи на изјавата на аргентинскиот фудбалер дека голот „делумно бил постигнат со главата на Марадона и малку со помош на Божја рака“, додека вториот беше прогласен за „Гол на столетието“.

Топката досега беше во сопственост на Тунижанецот Али Бин Насер, кој беше главен судија на тој натпревар.

Пред аукцијата беше проценето дека топката би можела да достигне цена меѓу 2.5 и 3 милиони. ег/ми/

Остани поврзан