• среда, 27 ноември 2024

Том Хенкс ќе ја води свечената програма на инаугурацијата на Бајден

Том Хенкс ќе ја води свечената програма на инаугурацијата на Бајден
Вашингтон, 13 јануари 2021 (МИА) - Актерот Том Хенкс ќе биде домаќин на свечената програма на 20 јануари, на денот на инаугурацијата на Џо Бајден, објавија организаторите на овој настан. Во специјалната емисија, која ќе трае 90 минути и ќе се вика „Ја славиме Америка“, ќе учествуваат и некои други познати личности во САД, како што се Џон Бон Џови, Деми Ловато, Џастин Тимберлејк и Ент Клемонс. Бајден и потпретседателката Камала Харис ќе положат свечена заклетва тој ден и ќе одржат воведен говор на церемонијата. Програмата ќе се емитува на Си-Би-Ес, Еј-Би-Си, Си-Ен-Ен, Ен-Би-Си, МСНБЦ и ќе се емитува на Јутјуб, Фејсбук, Твитер и некои други онлајн платформи. паг/    

Остани поврзан