Томовски: Ќе и приредиме изненадување на Русија
- Голманот на македонската ракометна репрезентација Мартин Томоровски ги сподели своите очекувања за денешниот натпреварот со Русија од 2. коло во Главната фаза по групи на Мундијалот.

Kаиро, 22 јануари 2021 (МИА) - Голманот на македонската ракометна репрезентација Мартин Томовски ги сподели своите очекувања за денешниот натпреварот со Русија од 2. коло во Главната фаза по групи на Мундијалот.
- Сите натпревари на турнирот се тешки, но нема да се предадеме. Ветувам, ќе дадеме сè од себе за да и приредиме изненадување на Русија, го цитира Томовски прес-службата на Меѓународната ракометна федерација.
Натпреварот ќе се игра попладнево со почеток во 15:30 часот.
Во моментов Русите се четврти во групата со три бода, Македонците немаат освоено бод. На првите три места се Шведска со пет, Словенија и Египет со по четири бода, Белорусите имаат два.
Во четвртфиналето на светскиот шампионат одат двете првопласирани од секоја група. зс/