• петок, 26 јули 2024

Тома Фила за МИА: СПС на изборите ќе ме кандидира за градоначалник на Белград

Тома Фила за МИА: СПС на изборите ќе ме кандидира за градоначалник на Белград
Белград, 15 февруари 2022 (МИА) - Познатиот белградски адвокат со македонско потекло и член на Претседателството на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Тома Фила за МИА изјави дека вечерва ќе прифати да биде изгласан за кандидат на СПС за градоначалник на Белград на изборите што треба да се одржат на 3 април, јави дописникот на МИА од Белград. Вечерва на седница на градскиот одбор на СПС треба и официјално да бидам изгласан како кандидат на социјалистите за местото градоначалник на градот Белград, изјави Фила. Претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека негова желба е кандидат за градоначалник на Белград да биде адвокатот Фила и дека вечерва ќе разговара со него. Дачиќ за Фила кажа дека е адвокат против големи неправди во светот и дека би бил одличен адвокат за Белград и за белграѓани. Дачиќ порача дека секој од учесниците на изборите треба да излезе со имињата на кандидатите за идни носители на функции. Фила стана член на СПС во декември 2017 година. На изборите за градот Белград во 2018 година беше избран за градски советник, но на конститутивната седница поднесе оставка. Во моментов тој е пратеник на СПС во српското Собрание. Според договорот што го постигнаа СПС и Српската напредна партија на претседателот Вучиќ, овие две парти на парламентарните избори и за градот Белград на 3 април ќе настапат со одделни изборни листи, додека СПС би ја подржала можната кандидатура на Вучиќ за претседателските избори.

Остани поврзан