• сабота, 23 ноември 2024

Томас - Гринфилд: Војната во Украина не научи на единство

Томас - Гринфилд: Војната во Украина не научи на единство

Брисел, 22 февруари 2024 (МИА) - Амбасадорката на САД во Обединетите нации Линда Томас Гринфилд денеска изјави дека највредната лекција од војната во Украина е дека мора да бидеме обединети со себе и со Украина.

Таа на онлајн брифингот рече дека настаните во Украина не влијаат само на таа земја и на народот на Украина, туку на сите.

„Остануваме посветени на народот на Украина и неговата борба. Нашите партнери сакаат да видат демократска и независна Украина. Нашиот став останува непроменет - Русија мора да се повлече од Украина“, рече таа, додавајќи дека земјата ќе продолжи да и помага на Украина.

На прашањето за конфликтот во Газа, Томас Гринфилд рече дека сојузниците се обидуваат да најдат решение. „Ние секогаш ги поддржувавме напорите и преговорите“, рече таа. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан