• вторник, 24 декември 2024

Тодоров: Со проектот „Зелено Кавадарци“ ќе се намали загадувањето во општината

Тодоров: Со проектот „Зелено Кавадарци“ ќе се намали загадувањето во општината
Кавадарци, 28 септември 2021 (МИА) - Кавадарци е една од најзагадените општини во Северна Македонија. Со проектот „Зелено Кавадарци“ предвидуваме низа мерки кои ќе имаат за цел да го намалат загадувањето во општината и ќе ги зголемиме зелените површини во градот, соопшти на денешната прес- конференција Горан Тодоров, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата. -Ќе поставиме зелени ѕидови на места кои се блиску до идустрискитата зона и местата кои се значително загадени. Ќе стимулираме користење алтернативни начини на движење низ град. Значително ќе ја засилиме контролата на компаниите кои загадуваат, како и ќе направиме регистар на загадувачи, нагласи Тодоров, осврнувајќи се и на другите проекти од изборната програма. свд/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан