• сабота, 23 ноември 2024

Товарно возило со турски регистарски таблички излетало од патот кај „Пуста Кула“ возачот на домашно лекување

Товарно возило со турски регистарски таблички излетало од патот кај „Пуста Кула“ возачот на домашно лекување

Велес, 3 јануари 2023 (МИА) - Возило „рено“ со приколка со турски регистерски таблички синоќа околу 22  часот излетало од автопатот Велес-Скопје после наплатната станица Отовица на местото викано „Пуста Кула“, управувано од 53 годишниот Р.С.од Р.Турција, информира портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

Од ТППЕ Велес информираат дека синоќа  во 22:25 часот била примена дојава од страна на Итна Медицинска Помош за превртен камион шлепер на автопатот Велес-Скопје после наплатната станица Отовица.

- ТППЕ Велес излезе на лице место со едно противпожарно  возило и пет пожарникари спасители. Со брзото пристигнување и брзата интервенција заглавеното лице безбедно е извадено од кабината и предадено на Итната медицинска помош, информираат од ТППЕ Велес.

Како што информира за МИА Марина Андова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, синоќа на одделот за хирургија во Општата болница од Итната медицинска помош бил донесен турски државјанин роден 1970 година.

-Лекарите веднаш го прегледаале и констатирале дека нема видливи трауматски промени и бил упатен на Одделот за Интерни болести на понатамошно испитување. Тие констатурале дека нема потреба од болничко лекување и го испратиле дома,појасни Андова.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. ад/цр

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан