• петок, 27 декември 2024

ТИ ќе ги презентира наодите од Индексот на перцепција на корупцијата за 2020

ТИ ќе ги презентира наодите од Индексот на перцепција на корупцијата за 2020
Скопје, 28 јануари 2021 (МИА) - Транспаренси Интернешнл – Македонија денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира наодите од Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2020 година. Прес-конференцијата ќе се одвива онлајн преку платформата ZOOM. Индексот на перцепција на корупцијата, организацијата Транспаренси Интернешнл ја спроведува на годишно ниво во 180 земји во светот. Минатата година земјата назадуваш на индексот и беше пласирана на 106 место. аа/скс/  

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан