• среда, 25 декември 2024

Тихановскаја: Промената на власта во Белорусија е само прашање на време

Тихановскаја: Промената на власта во Белорусија е само прашање на време
Виена, 5 ноември 2020 (МИА)Поранешната кандидатка за претседател и лидер на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја смета дека успехот на „револуцијата“ во Белорусија е прашање на време. Тихановскаја, која е во посета на Виена, за австриската новинска агенција АПА, изјави дека граѓаните на Белорусија се решени да се борат мирно за нивната цел - мирни и фер избори. Таа смета дека внатрешниот и надворешниот притисок може многу брзо да го сруши режимот. - Прашањето не е дали револуцијата ќе биде успешна, туку само кога, рече Тихановскаја. Таа истакна дека најважно е дека белоруското население е обединето во борбата против претседателот Александар Лукашенко. Тихановскаја е во посета на Виена, каде денеска ќе се сретне со австрискиот канцелар Себастијан Курц, од кого ќе побара поостри економски санкции против Белорусија. паг/  

Остани поврзан