• недела, 28 јули 2024

Тим на „Лајка“ заловува бездомни кучиња во општина Чаир

Тим на „Лајка“ заловува бездомни кучиња во општина Чаир

Скопје, 29 август 2023 (МИА) - Од јавното претпријатие „Лајка“ информираат дека оваа работна недела продолжуваат со стратешко заловување во општина Чаир.

- Нашиот тим ќе го залови секое бездомно куче, кое го нема поминато хуманиот третман. Ги охрабруваме граѓаните од општина Чаир, доколку имаат бездомно куче, кое сакаат да го посочат на тимовите, или да го донесат директно во ЈП „Лајка“, да се јават на 02 256 5859 или 071 219 925, или нека пријават на info@lajka.com.mk, се наведува во соопштението од претпријатието.

Заловувачкиот тим ќе ги посети улиците „Џон Кенеди“, „Дижонска“, „Втора македонска бригада“, булеварот „Цветан Димов“ и други. бд/бак/

Фото: ЈП „Лајка“

Остани поврзан