• недела, 28 јули 2024

Тим-билдинг трка за компании „Business Run 2021“

Тим-билдинг трка за компании „Business Run 2021“
Скопје, 25 септември 2021 (МИА) –Тимови од македонскиот бизнис сектор ќе се натпреваруваат на штафетната трката за компании, „Business Run 2021“. Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компани-ите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените. Трката ќе биде штафетна со четири измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2.000 метри. Најбрзите три тимови на „Business Run 2021“ ќе бидат наградени со златна, сребрена и брон-зена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција. Организатор на трката е здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.свс/са/

Остани поврзан