• петок, 08 ноември 2024

„Тиквешки лозароовоштари" бара винариите да кажат колку грозје планираат да откупат годинава 

„Тиквешки лозароовоштари
Кавадарци, 25 јануари 2022 (МИА) - Здружението „Тиквешки лозароовоштари" бара винариите да кажат колку грозје планираат да откупат годинава, со која шеќерност и по која цена. Ова е само едно од барањата на ова регионално здружение, кои ги имаат испратено до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и министерот Љупчо Николовски. Претседателот на здружението, Дане Јошев, денеска информира дека бараат средба со ресорниот министер. - Веднаш да се донесе закон со којшто ќе се гарантира минимална откупна цена на грозјето и тоа по шеќерни единици. За „вранец" од 19 шеќерни единици, 18 денари по килограм. За ,,смедеревка" од 17 шеќерни единици, 16 денари за килограм, појасни Јошев. Меѓу барањата е и за обесштетување за последици од суша. Да се изгради дестилерија, за решавање на проблемот со вишокот на грозје. - Зелената нафта е добра мерка, од која се задоволни земјоделците и треба да продолжи, дециден беше Јошев. свд/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан