• понеделник, 23 декември 2024

Тиквешани по потекло од Бохула бараат да се реновира споменикот на Доне Попов во селото 

Тиквешани по потекло од  Бохула бараат да се реновира споменикот на Доне Попов во селото 

Кавадарци, 26 март 2024 (МИА) - Тиквешани по потекло од кавадаречко Бохула бараат да се реновира спомен обележјето на Доне Попов во селото.

Љупчо Ташев, еден од тиквешаните кои бараат да се уреди спомен обележјето и просторот околу него денеска за МИА изјави посочи дека годинава се навршуваат 80 години од загинувањето на Попов. 

- Ова спомен обележјето било направено во чест на првоборецот Доне Попов и уште тројца борци за слобода.  Годинава, се навршуваат 80 години од загинувањето на Доне Попов, инаку прв братучед на мојот татко.  Бараме, ова спомен обележје да се уреди и да не биде оставено на забот на времето и на заборавот, рече Ташев.

Ташев нагласи дека своевремено, во ова село имало и партизанска болница. свд/лв/

Фото: Љупчо Ташев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан