Тејлор Свифт прогласена за личност на годината од страна на магазинот „Тајм“
- Американската пејачка Тејлор Свифт е прогласена за личност на годината од страна на магазинот „Тајм“ и беше избрана од група од девет финалисти во кои беа вклучени, меѓу другите, Барби, кралот Чарлс Трети и извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман.

Њујорк, 6 декември 2023 (МИА) - Американската пејачка Тејлор Свифт е прогласена за личност на годината од страна на магазинот „Тајм“ и беше избрана од група од девет финалисти во кои беа вклучени, меѓу другите, Барби, кралот Чарлс Трети и извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман.
Во оваа година таа ја имаше многу популарната турнеја Ерас и концертен филм, објавувањето на нејзиниот албум „1989“ и нејзината врска со рагбистот на Канзас Сити Чифс, Тревис Келси.
Во претходната година, во 2022 година, личност на годината беше украинскиот претседател Володимир Зеленски. мс/
фото: МИА архива