• петок, 05 декември 2025

Тешко повреден кавадарчанец во сообраќајка во Кавадарци 

Тешко повреден кавадарчанец во сообраќајка во Кавадарци 

Кавадарци, 28 октомври 2025 (МИА) - Кавадарчанец се здобил со тешки телесни повредни во сообраќајка во Кавадарци, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Вчера во ОВР - Кавадарци е пријавено дека на улицата „Шишка“ во градот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Д., на возраст од 59 години и патничко возило „фолксваген фокс“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Р., на 45-годишна возраст, двајцата од Кавадарци, појаснија од СВР - Велес.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил З.Д., а со телесни повреди се здобил В.Р., констатирани во Општа болница - Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР -  Кавадарци. свд/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан