• четврток, 26 декември 2024

Тетоважата „Преживеан од Ковид-19“ хит во Мексико

Тетоважата „Преживеан од Ковид-19“ хит во Мексико
Монтереј, 4 септември 2020 (МИА)Во сеќавање на корона-пандемијата, Мексиканката Оми Дебуа на своите клиенти кои ја прележале корона-заразата, им нуди бесплатна тетоважа што ќе сведочи за тоа, со натпис „COVID-19 SURVIVOR“ („Преживеан од Ковид-19“). - На тој начин, за многу години отсега тие ќе можат да разговараат за тоа со своите деца, внуци... „Се сеќавам дека го добив Ковид во 2020 година, тогаш имаше пандемија... Тоа беше смртоносна болест и преживеав. Видете ја мојата тетоважа", карикира Дебуа, која инаку живее во градот Монтереј. На Оскар Моралес (20) пораката му е истетовирана на раката како потсетник дека несакајќи заразил тројца членови на неговото семејство и сите преживеале. - На почетокот бев невнимателен... Но, откако добив позитивен тест, се заштитувам максимално. Секогаш носам маска и ги дезинфицирам рацете, вели тој. Мексико официјално има повеќе од 64.000 смртни случаи од Ковид-19 и скоро 600.000 заразени лица. си/сд/

Остани поврзан