• вторник, 24 декември 2024

Тест за коронавирус на аеродромот во Брисел ќе чини до 135 евра

Тест за коронавирус на аеродромот во Брисел ќе чини до 135 евра
Брисел, 7 септември 2020 (МИА) - Мобилна лабораторија за тестирање на коронавирус на аеродромот во Брисел ќе им понуди на патниците стандардни и експресни тестови за Ковид-19 по цена од 67 до над 100 евра. Лабораторијата ќе понуди два вида ПЦР тестови - редовен тест за 67 евра и брз тест за 135 евра, се вели во соопштението за аеродромот. Резултатите од брзиот тест ќе бидат готови во рок од три часа, додека за оние од стандардниот ќе мора да почека околу девет часа. Патниците кои пристигнуваат од дестинации идентификувано од Белгија како ризични или црвени зониа, ќе имаат надомест за социјално осигурување од 46,81 евра, според „Брисел тајмс“. Патниците што се враќаат од црвените зони можат да бидат тестирани веднаш штом пристигнат на аеродромот во Брисел. Патниците што заминуваат, исто така, ќе можат да бидат тестирани, а резултатите од брзото тестирање ќе бидат подготвени во рок од три часа, велат од аеродромот. Мобилната лабораторија ќе биде достапна за сите патници кои се враќаат од црвените зони, за патниците што заминуваат и кои сакаат да бидат тестирани и за секој што добил QR-код за тестирање согласно постапката за следење контакти. Само на патниците без симптоми на Ковид-19 ќе им биде дозволено да се тестираат во мобилната лабораторија. ссм/

Остани поврзан