• понеделник, 23 декември 2024

Тестаментот на принцот Филип ќе остане тајна барем 90 години

Тестаментот на принцот Филип ќе остане тајна барем 90 години
Лондон, 17 септември 2021 (МИА) - Последната волја на војводата од Единбург, принцот Филип, ќе остане тајна најмалку 90 години, со цел „да се заштити достоинството и положбата“ на кралицата, одлучија британските судски власти. Тоа е веќе вообичаена традиција - по смртта на член на кралското семејство, од судовите се бара да го запечатат неговиот тестамент. Ова значи дека тој документ не е достапен за јавноста, а по 90 години ќе се одржи одреден процес, исто така - подалеку од очите на јавноста, за да се одлучи дали документот ќе може да се објави. Британскиот принц Филип почина во април годинава, на 99-годишна возраст.  си/сд/

Остани поврзан