• сабота, 27 јули 2024

Тесла се сели од Калифорнија во Тексас

Тесла се сели од Калифорнија во Тексас
Вашингтон, 8 октомври 2021 (МИА) - Седиштето на Тесла ќе биде дислоцирано од Пало-Алто, сојузна држава Калифорнија во Остин, Тексас, изјави синоќа директорот на компанијата Илон Маск на средба со акционерите. Маск не појасни за причините за таквата одлука. Во мај минатата година Маск повеќепати изјави дека планира да го премести седиштето на Тесла од Калифорнија во Тексас или Невада. Изјавите следуваа откако производителот на електрични автомобили не доби дозвола да го рестартира производството во фабриката во Фримонт, поради рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19. Маск лани соопшти и дека Тесла ќе отвори нова фабрика во околината на Остин во Тексас, а и дека се планира создавање на нов град во таа држава. Според Блумберг, станува збори за преименување на гратчето Бока Чика каде се наоѓа космодромот на „СпејсИкс“ Маск годинава и официјално ја смени адресата на живеење од Калифорнија во Тексас. кб/ми/  

Остани поврзан