Тер Штеген: Тешко е да се прифати заминување на Чави
- Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген е разочаран од одлуката на главниот тренер на тимот Чави Ернандез кој најави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

Барселона, 12 март 2024 (МИА) - Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген е разочаран од одлуката на главниот тренер на тимот Чави Ернандез кој најави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
- Тимот е одговорен за одлуката на тренерот. Секогаш мораме да дадеме се од себе, вклучително и заради него. Чави е одличен стручњак кој го врати тимот на високо ниво. Тешко е да се прифати неговото заминување. Ова го кажувам и како играч и како пријател, истакна Тер Штеген за „Barca Universal“.
Тој додаде дека Чави врши одлична работа, што му дава можност на тимот да игра на секои 3-4 дена.
Чави претходно најави дека ќе ја напушти функцијата по крајот на сезоната 2023/24.
Каталонскиот клуб е на третото место во Ла Лига со 61 бод. зс/
Фото: ЕПА