• четврток, 22 август 2024

Тен Хaг се предомислил за Касемиро

Тен Хaг се предомислил за Касемиро

Манчестер, 21 август 2024 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг се премислил за играчот од средниот ред Касемиро. Според „Сан“, односите меѓу двајцата минатата сезона се влошиле, бидејќи Холанѓанецот го обвинил играчот дека не е во фит форма.

Бразилецот, кој изгледаше прилично тежок, а имаше и чести повреди, доби многу критики за неговите настапи на крајот од сезоната. Тен Хаг бил убеден дека е подобро да се раздели со поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид.

Во текот на оваа претсезона, сепак, менаџерот бил многу задоволен од перформансите на Касемиро и одлучил тој да остане во тимот.

Бразилецот доби примамлива понуда од Саудиска Арабија, но се тврди дека во моментов не сака да ја напушти Европа бидејќи е уверен дека сепак може да игра на највисоко ниво. Негова желба е и да остане на „Олд Трафорд“.

Касемиро (32) се претстави добро во натпреварот во „Комјунити Шилд“ со Манчестер Сити, како и во првиот круг од Премиер лигата со Фулам. дс

Фото: Архива

Остани поврзан