• вторник, 24 декември 2024

Тен Хаг: Продажбата на Манчестер јунајтед може да има позитивно влијание врз иднината на клубот

Тен Хаг: Продажбата на Манчестер јунајтед може да има позитивно влијание врз иднината на клубот

Манчестер, 15 декември 2022 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека продажбата на клубот може позитивно да се одрази на иднината на „црвените ѓаволи“.

-Верувам дека ова ќе биде позитивно, бидејќи можни се дополнителни инвестиции и ова е добро за клубот. Зборувавме за културата што ја сакаме, за целите и задачите. Велат дека ништо нема да се промени, а ќе биде уште подобро, бидејќи за овој проект ќе се одвојат повеќе пари. Њукасл и Вест Хем можеби не се на врвот на табелата во моментов, но имаат огромни инвестиции... Има седум-осум клубови во англиската Премиер лига кои можат да конкурираат за победа. Ова важи и за стратегијата, а не само за парите. Но, јасно е дека нема да успеете и нема да ги постигнете своите цели кога ги немате вистинските и квалитетни играчи, изјави Тен Хаг.

На 25 ноември семејството Глејзер објави дека е подготвено да го продаде Манчестер јунајтед. Потоа беше објавено дека британскиот милијардер Џим Ретклиф и „Apple“ се подготвени да го купат клубот.

Глејзерс ги купија „Црвените ѓаволи“ во 2005 година за речиси 800 милиони долари. зс/

Остани поврзан