• среда, 27 ноември 2024

Тен Хаг побара тревата во базата на Манчестер jунајтед да биде исечена на 15 милиметри

Тен Хаг побара тревата во базата на Манчестер jунајтед да биде исечена на 15 милиметри
Манчестер, 26 јуни 2022 (МИА) - Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, дал конкретни упатства во врска со тревникот на клупскиот тренинг-центар, пишува „Дејли Мирор“. Утре (27 јуни), Јунајтед ќе ги започне предсезонските тренинзи. Најпрво од одморот се враќаат играчи кои не играа за своите репрезентации на почетокот на месецот. Пред првиот состанок со играчите, Тен Хаг побара од персоналот на базата „Карингтон“ да ја исечат тревата на терените за тренинзи на точно 15 милиметри. Холандскиот специјалист е убеден дека тревниот терен со таква висина ќе им помогне на играчите да ги подобрат своите вештини за додавање и брзина. За време на неговите први тренинзи, Тен Хаг ќе се фокусира на вежби со топка. зс/

Остани поврзан