• сабота, 23 ноември 2024

Тен Хаг го бранеше Де Лихт по неговите слаби меѓународни настапи

Тен Хаг го бранеше Де Лихт по неговите слаби меѓународни настапи

Манчестер, 14 септември 2024 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го поддржа Матаис де Лихт по неговите слаби меѓународни настапи за Холандија и инсистира дека тоа нема да влијае на неговата клупска форма во Манчестер Јунајтед.

Де Лихт беше заменет на полувремето на дуелот со Германија во вторникот во Лигата на нации, откако беше обвинет за сериозни пропусти при двата примени гола. Летното засилување на Јунајтед беше критикувано и за еден од головите на Босна во победата на Холандија од 5:2 минатиот викенд.

Тен Хаг го објасни недостатокот на играчка пракса на играчот, кој има само еден натпревар како стартер за Јунајтед, и ги отфрли сите грижи за неговото место во тимот против Саутемптон денеска.

-Го познавам Матаис и тој е одлична личност. Тој ќе го надмине ова и ќе се опорави од оваа ситуација со репрезентацијата. Не се плашам од оваа ситуација. Ги знам неговите квалитети, го познавам и знам дека ќе возврати. Другата работа е што имаше многу тешка претсезона бидејќи не играше натпревари. Неговиот единствен натпревар од почетокот беше последниот против Ливерпул. Сè уште не е во ритам или полна брзина. Но, кога тоа ќе се случи, ќе ги видите неговите квалитети и поинаков играч, истакна Холанѓанецот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан