• петок, 05 декември 2025

Тентов: Да ставиме крај на сето она што ја влече нашата општина надолу

Тентов: Да ставиме крај на сето она што ја влече нашата општина надолу

Дојран, 10 октомври 2025 (МИА) - Прв проект е реконструкцијата и санацијата на Хидросистемот „Ѓавато“, за полнење со вода на Дојранско Езеро, втор, конечно решавање на проблемот со вода во Стар и Нов Дојран, трет, реконструкција на старата пречистителна станица, четврти, нов урбанистички план за Дојран и Сретеново, петти, модерна улица и пешачка патека до плажата во селото Николиќ, шести, субвенициниран превоз до сите населени места и редовна автобуска линија до Гевгелија, седми,градежна зона за млади брачни парови, осми, довршување на црквата „Свети Никола“ во село Црничани, деветти, реконструкција и десетти, проширување на локалниот пат во село Фурка и дежурна медицинска служба во текот на целата година, истакна кандидатот за градоначалник на Дојран од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Илија Тентов на денешниот митинг што се одржа под мотото „Вистинскиот избор“, „Твојот човек!“, „Твоето место!“, „За твојата иднина!“.

Според него, Дојран напредува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, но, како што рече, во изминатите осум години во Општината имало невидена стагнација, непотизам, несовесно искористување на општинскиот буџет за лични цели.

-Доста е! Време е за големи промени во нашиот Дојран, време е за нова сила, нова енергија, време е за работа, успеси, време е парите да се вратат кај народот. Конечно да живне туризмот онака како што доликува за Дојран, конечно да се погрижиме за нашето Езеро, да ставиме крај на сето она што го влече нашата општина надолу, истакна кандидатот за градоначалник на Дојран од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Илија Тентов. рт/вј/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан