• сабота, 24 август 2024

Тенисерите на Канада го освоија АТП купот

Тенисерите на Канада го освоија АТП купот
Сиднеј, 9 јануари 2022 (МИА) – Тениската репрезентација на Канада го освои АТП купот во Сиднеј, откако денеска во финалето ја совлада Шпанија со максимални 2:0 во сетови. Првата победа на Канаѓаните им ја обезбеди Денис Шаповалов, кој беше поуспешен од Пабло Карењо Буста со 6;4, 6:3, а конечниот триумф го донесе Феликс Оже Алиасим со победата над Роберто Баутиста Агуит со 7:6, 6:3. Канада е третиот освојувач на АТП купот, по Русија и Србија. ег/паг/

Остани поврзан