• вторник, 24 декември 2024

Телото на Берлускони ќе биде кремирано, а пепелта положена во семејниот мавзолеј

Телото на Берлускони ќе биде кремирано, а пепелта положена во семејниот мавзолеј

Милано, 14 јуни 2023 (МИА) - Телото на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ќе биде кремирано, а неговата пепел ќе биде положена во семејниот мавзолеј лоциран во вилата во италијанскиот град Аркоре, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на извор близок до семејството.

По државниот погреб, ковчегот со телото на Берлускони ќе биде вратен во вилата Сан Мартино, во близина на Милано, а телото ќе биде кремирано во крематориумот „Валенсијано Панта Реј“, наведуваат британските медиуми.

Берлускони првично го изградил мавзолејот за себе, за членовите на неговото семејство и пријателите, но дури подоцна дознал дека законот дозволува телата да се погребуваат само на јавни гробишта. Сепак, пепелта може да се стави во мавзолеј. 

Берлускони почина пред два дена во болница во Милано, на 87-годишна возраст. сд/

фото: АНСА

Остани поврзан