• сабота, 27 јули 2024

Телефонски разговор на Путин и Курц за руската вакцина

Телефонски разговор на Путин и Курц за руската вакцина
Москва, 26 февруари 2021 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин и австрискиот канцелар Себастијан Курц телефонски разговараа за борбата против пандемијата, вклучително и можното доставување на руската вакцина „Спутник V“ во Австрија и нејзино заедничко производство, соопшти прес-службата на Кремљ. „Детално беа разгледани прашањата за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучително и можноста за достава на руската вакцина Спутник V во Австрија, како и за заедничко производство“, се вели во соопштението. Се додава дека се договорени натамошни „блиски контакти меѓу соодветните специјализирани агенции на двете земји“. Како што пренесува агенцијата ТАСС, разговорот е инициран од австриска страна. Русија е прва земја во светот што регистрираше вакцина против коронавирус на 11 август 2020 година. паг/  

Тагови

Остани поврзан