• понеделник, 23 декември 2024

Телефонски разговор меѓу Бајден и Ердоган

Телефонски разговор меѓу Бајден и Ердоган
Вашингтон, 23 април 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден оствари денеска телефонски разговор со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, соопшти Белата куќа. Разговорот се случи во момент кога администрацијата на Бајден се подготвува да го признае ерменскиот геноцид извршен од Отоманската империја во периодот меѓу 1915 и 1923 година. Во соопштението на Белата куќа не се споменуваат несогласувањата меѓу двете земји. Посочено е дека Бајден повикал за „конструктивни билатерални односи со проширени области на соработка и ефикасно управување со споровите“. Двајцата лидери, исто така, се согласиле да остварат тет-а-тет средба за време на самитот на врвот на НАТО во јуни. гт/

Остани поврзан