• среда, 25 декември 2024

Телефонски разговор Курти - Шоле

Телефонски разговор Курти - Шоле

Приштина, 18 мај 2023 (МИА) – Косовскиот премиер Албин Курти синоќа имаше телефонски разговор со високиот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, соопшти денеска Владата на Косово.

Разговаравме и за процесот на Дијалог меѓу Косово и Србија, со акцент на целосно и безусловно спроведување на Основниот договор, како и за средбата во понеделникот во Брисел на ниво на главните преговарачи. Разговараа и за ситуацијата во четири општините во северно Косово по изборите на 23 април и за финализирање на изборниот процес со одржување на конститутивни седници и давање заклетва на избраните функционери, се наведува во соопштението.

Владата нагласи дека „институциите на Косово остануваат посветени на гарантирање на уставноста и законитоста, а во исто време обезбедуваат непречено обезбедување услуги за граѓаните“. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан