• петок, 27 декември 2024

Телефонски разговор Блинкен-Раб: Потврдени посебните односи помеѓу САД и Британија

Телефонски разговор Блинкен-Раб: Потврдени посебните односи помеѓу САД и Британија
Вашингтон/Лондон, 28 јануари 2021 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб во првиот телефонски разговор ги потврдија посебните односи помеѓу САД и Велика Британија. „Тие разговараа за претседателството на Велика Британија со Г7, мултилатералниот ангажман во борбата против климатските промени и пандемијата на Ковид-19“, соопшти Стејт департментот. Блинкен и Раб ги истакнале надворешно-политичките приоритети на двете земји, кои ги вклучуваат односите со Кина, Иран и Русија. Ентони Блинкен ја презеде функцијата во средата откако Сенатот го усвои предлогот на американскиот претседател Џо Бајден, со 78 гласа „за“ и 22 гласа „против“. паг/  

Остани поврзан