• вторник, 24 декември 2024

Телефонски разговори на Блинкен со колегите од Египет, Саудиска Арабија, Јордан и Турција по нападите на Иран врз Израел

Телефонски разговори на Блинкен со колегите од Египет, Саудиска Арабија, Јордан и Турција по нападите на Иран врз Израел

Вашингтон, 15 април 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера, по саботниот ирански напад со проектили и дронови врз Израел, имал телефонски разговори со министрите за надворешни работи на четири земји, се посочува во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Вашингтон наведува дека Блинкен разговарал со своите колеги од Јордан (Ајман ал-Сафади), Саудиска Арабија (принцот Фајсал бин Фархан бин Абдула), Египет (Самех Шукри) и Турција (Хакан Фидан). Пред секој од нив, американскиот државен секретар уверил дека САД не посакуваат зголемување на тензиите на Блискиот Исток, и, во исто време, дека ќе продолжат да го поддржуваат Израел во неговата одбрана.

Посебно со египетскиот министер за надворешни работи Шукри, Блинкен разговараше и за потребата од зголемување на хуманитарната помош за Палестинците во Појасот Газа, за заштитата на тамошното цивилно население и за потребата од итен прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и радикалната палестинска група „Хамас“, што би довело до ослободување на израелските заложници држени од исламистите.

Во текот на вчерашниот ден и министерот за надворешни работи на Египет телефонски разговараше со своите колеги од Иран - Хосеин Амир Абдолахијан и Израел - Израел Кац, изразувајќи мислење за потребата од воздржаност. Шукри ги повика двете страни „да покажат максимална самоконтрола и да се воздржат од провокации кои би ги зголемиле тензиите и нестабилноста во регионот“, се вели во соопштението на египетското Министерство за надворешни работи.

Во него се додава дека Египет е подготвен да ги зголеми напорите за справување со актуелната криза, „која оди кон опасен пресврт, што се совпаѓа со кризата во Појасот Газа и создава дополнителна тензија во жариштата во регионот“. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан