• четврток, 26 декември 2024

Телескопот Хабл сними мистериозен објект

Телескопот Хабл сними мистериозен објект
Вашингтон, 2 јануари 2020 (МИА) - НАСА објави фотографии од комета која ја нарекоа 2Л/Борисов, а била снимена од вселенскиот телескоп Хабл. Во моментот кога е фотографирана кометата 2Л/Борисов била оддалечена 326 милиони километри од Земјата. Кометата 2Л/Борисов првпат е забележана во август од кримски астронаут аматер, по кого и кометата го добила името. Од тогаш научниците ја фотографираа кометата како се приближува кон Земјата за подобро да ја видат. - Хабл ни дава најдобра слика за кометата, но и големината на јадрото, изјави Дејвид Џевит, професор за планетарна наука и астрономија на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес чиј тим има снимено најдобри и најостри фотографии од кометата. Научниците утврдија дека ова е втор меѓуѕвезден објект, за кој се знае дека го посетил нашиот Сончев систем, по познатата комета Омуамуа која била прва комета која влегла во нашиот соларен систем. ки/ми/

Остани поврзан