Тежок пораз на МЗТ за крај на сезоната во АБА 2 лигата
- Екипата на МЗТ Скопје доживеа пораз и во вториот полуфинален натпревар против Спартак Суботица со 64-98 за крај на сезоната во АБА 2 лигата.

Скопје, 4 мај 2024 (МИА) - Екипата на МЗТ Скопје доживеа пораз и во вториот полуфинален натпревар против Спартак Суботица со 64-98 за крај на сезоната во АБА 2 лигата.
Противникот беше далеку подобар вечерва, со перфектен шутерски старт кој му овозможи полесно да игра до крајот на мечот и сосема заслужено да дојде до крајниот триумф.
Ејасу Ворку со 14 поени и Харис Делалиќ со 10 поени беа единствени со двоцифрен поентерски учинок кај скопјани. дс
Фото: МЗТ Скопје