Тедрос: Светот мора да биде поподготвен за следната пандемија
- Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека светот мора да биде подобро подготвен за следната пандемија, повикувајќи ги зем

Женева, 7 септември 2020 (МИА) - Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека светот мора да биде подобро подготвен за следната пандемија, повикувајќи ги земјите да инвестираат во јавното здравство.
- Ова нема да биде последната пандемија, рече Тедрос на брифинг во Женева.
Тој истакна дека историјата нè учи дека епидемиите и пандемиите се животни факти.
- Но, кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен - поподготвен од што беше овојпат, потенцираше Тедрос. ссм/