• сабота, 23 ноември 2024

Тедрос: Постои „шокантна нерамнотежа“ во дистрибуцијата на вакцините низ светот

Тедрос: Постои „шокантна нерамнотежа“ во дистрибуцијата на вакцините низ светот
Женева, 9 април 2021 (МИА) - Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека постои „шокантна нерамнотежа“ во дистрибуцијата на вакцините против Ковид-19 низ целиот свет. Според него, повеќето земји немаат доволно вакцини за да ги покријат ризичните групи. - Во просек, во земјите со високи примања, речиси едно од четири лица примиле вакцина против Ковид -19. Во земјите со ниски примања, тоа е една од над 500, нагласи директорот на СЗО на прес-конференција. Тој вели дека досега се дадени повеќе од 700 милиони дози вакцини ширум светот, но 87 проценти од тој број се наменети за земји со висок и среден приход, додека земјите со ниски примања добија само 0,2 проценти од дозите. Здружението за вакцини ГАВИ и СЗО денеска објавија дека шест недели по почетокот на дистрибуцијата на вакцините преку механизмот КОВАКС биле испорачани 38,4 милиони дози во 102 земји на шест континенти. паг/

Остани поврзан