• сабота, 21 декември 2024

Тедеско: Лукаку е вистински лидер

Тедеско: Лукаку е вистински лидер

Брисел, 14 ноември 2024 (МИА) - Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Доменико Тедеско зборуваше за напаѓачите на тимот Ромелу Лукаку и Лоис Опенда пред натпреварот од 5. коло во Лигата на нации со репрезентацијата на Италија.

- Лукаку и Опенда во нападот одеднаш? Постојат многу опции. Лоис очигледно е еден од нашите најважни напаѓачи. Лукаку е вистински лидер, неговото присуство на теренот дава енергија, ги инспирира сите, изјави Тедеско за сајтот на УЕФА.

Триесет и едногодишниот Лукаку за репрезентацијата на Белгија одигра 113 натпревари, постигна 92 гола и 14 асистенции. 

Дваесет и четиригодишниот Опенда на 24 натпревари за Белгија има три гола и една асистенција.

Белгијците и Италијанците ќе се сретнат на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел вечер со почеток во 20:45 часот. 

Овој натпревар е од А Лигата на нации, петто коло во втората група. Италија е лидер по четири кола со 10 бода, Франција има 9, Белгија 4, Израел е без освоен бод. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан