• вторник, 26 ноември 2024

Тебас, нема да бара нов мандат на чело на Ла Лига доколку Суперлигата изумре

Тебас, нема да бара нов мандат на чело на Ла Лига доколку Суперлигата изумре

Мадрид, 13 април 2024 (МИА) - Претседателот на шпанската Ла Лига нема да биде реизбран доколку Суперлигата не успее.

Во декември се дозна дека Хавиер Тебас беше реизбран за четврти мандат - до 2027 година. Други кандидати за претседател на Ла Лига немаше.

- Ако за четири години Суперлигата е сè уште мртва, јас нема да останам претседател. Во спротивно ќе барам нов мандат.

-Во Европа има над 60.000 професионални клубови и Суперлигата ќе го уништи тој екосистем. Парите ќе одат за најбогатите клубови и играчи. Ова е етичко прашање. Ова не треба да се случи, изјави Хавиер Тебас.

Да потсетиме, Тебас ја извршува функцијата прв човек на Ла Лига од 2013 година.

Хавиер Тебас е познат како голем противник на проектот европска Суперлига и беше еден од најгласните во барањето клубовите иницијатори да се санкционираат. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан